Search

Во Русија конечно дневна бројка под 7.000 заразени

Русија денеска пријави уште 6.800 случаи на коронавирус, а ова е првпат од крајот на април дневната бројка на новозаразени во земјата да биде помала од 7.000.

Досега вкупно 620.794 луѓе се заразиле со коронавирус во Русија.

Рускиот центар за борба против коронавирус соопшти дека уште 176 лица починале во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 8.781, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави