Search

Во Ротердам уапсени 72 навивачи на Феенорд

Полицијата во Ротердам соопшти денеска дека привела вкупно 72 навивачи по вчерашниот пораз на нивниот тим од Рома во Тирана во финалето на УЕФА Конференциската лига, кое на видеобим се следеше и на стадионот „Де Којп” на холандскиот клуб.

Навивачите на Феенорд предизвикале бројни инцидент во различни делови на Ротердам, а нападнале и полицајци со стаклени шишиња, чаши и камења.

Полесно се повредени две лица, а оштетени се градски автобус и трамвај.

Полицијата соопшти дека била принудена да употреби солзавец и водени топови за да ги растера навивачките групи.

Треба да знаете
Последни објави