Search

Во РЕК Битола ремонтиран Блок 3, ќе се сервисира Блок 1

РЕК Битола соопшти дека успешно завршиле ремонтните активности на Блок 3 во рамки на кои се извршени сите планирани зафати. Во текот на денов почнуваат пуштачките операции, по што Блок 3 ќе биде ставен во функција и синхронизиран со електро – енергетскиот систем на државата.

Паралелно со тоа, како што информира компанијата, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на кого ќе бидат извршени сервисно – санациони зафати за подобрување на производствените перформанси.

– РЕК Битола ќе го продолжи производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, со што целосно ќе ги задоволи потребите од електрична енергија на АД ЕСМ и Република Северна Македонија, соопшти РЕК Битола.

Треба да знаете
Последни објави