Search

Во ПСОВ- Волково во септември се пречистени вкупно 61.428м³ отпадна вода

Месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково, септември 2021

Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.

ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец  септември, 2021 се пречистени вкупно 61.428м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 4,5 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици…) и 19 08 02 ( отпад од песколовец – песок).  Во Пречистителната станица за отпадни води – Волково  се прават анализи на параметри  кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во р. Лепенец.

Во периодот од 01.09.2021 до 30.09.2021 беа  изработени  анализи на 18 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец  септември, 2021 година  покажуваат задоволителни резултати и висок процент на  ефектот  на пречистување, а  вредностите на параметрите на излез се движат во  границите на максимално дозволените концентрации според Правилник – Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година.

Графички приказ на анализи на влезна отпадна вода во ПСОВ Волково во септември 2021 година

Графички приказ на анализи на излезна отпадна вода во ПСОВ Волково во септември 2021 година

Треба да знаете
Последни објави