Search

Во протестите лани во Ирак убиени речиси 560 демонстранти и полицајци

Речиси 560 ирачки демонстранти и припадници на безбедносните сили биле убиени во антивладините протести минатата година. Тоа го соопшти денеска ирачката Влада.

Новата Влада на премиерот Мустафа ал-Кадими вети дека ќе ги испита смртта и апсењата на стотици демонстранти.

Бројот на загинати е приближен и во согласност со она што го објавија медимите и групите за човекови права.

– Владата ќе ги третира сите 560 лица како „маченици” и секое семејство ќе добие компензација од 8.380 долари, изјави советникот на премиерот Хишам Дауд.

Протестите почнаа на 1 октомври и траеа неколку месеци, а стотици илјади Ирачани бараа нови работни места и заминувањето на владејачката елита, за кои тврдат дека е корумпирана.

Треба да знаете
Последни објави