Search

Во продажба милиони здравствени производи со фалсификувани маркици на ЕУ

Агенцијата за борба против измамите на Европската Унија (ОЛАФ) запленила милиони здравствени производи со фалсификувани сертификати на ЕУ додека криминалците се обидуваат да ја искористат кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, пренесува СВТ.

Генералниот директор на ОЛАФ, Виле Итала, рече дека од почетокот на пандемијата на коронавирус, агенцијата видела лажни сертификати на ЕУ за сè, од медицински маски до лекови и респиратори.

„Употребата на неовластена опрема за нега значително се зголеми. Побарувачката за овие производи максимално се зголеми, а измамниците се привлечени од потенцијално огромната нелегална добивка што може да ја остварат“, рече Итала.

„Главната карактеристика на измамата е да се продаваат производи со сертификати добиени од тела кои всушност немаат овластување да ги сертифицираат овие производи, или каде сертификатите се издадени под нејасни околности, но наводно се во согласност со сертификатот на ЕУ“, додаде тој.

Илјадници супстандардни маски, многу со потекло од Кина, се пријавени во неколку земји членки на ЕУ. Неделава шведскиот регион Вастернорленд објави дека низ целиот регион се дистрибуирани 6.000 маски за кои е утврдено дека не ги исполнуваат соодветните стандарди. Маските биле увезени од Кина.

„Во една земја членка беа повлечени и конфискувани стотици илјади маски кога пристигнале во магацините во неколку болници и требаше да бидат дистрибуирани до медицинскиот персонал“, рече Итала.

Но генералниот директор на ОЛАФ истакна дека во некои случаи опремата веќе била дистрибуирана пред да се откријат недостатоците.

„За жал, во друга земја членка веќе беше предоцна, а медицинскиот персонал беше заразен со вирусот затоа што личната заштитна опрема купена од властите беше супстандардна“, рече тој.

Заедно со продажба на фалсификувани или супстандардни медицински производи, некои банди на организиран криминал се обидуваат да профитираат од пандемијата на коронавирус со трупање производи како што се маските. Во Грција, мафијашки шеф беше фатен дека складирал 11 тони антисептички гел во магацин близу Атина.

Треба да знаете
Последни објави