Search

Во продажба билетите за хит комедијата „ЃУРОЛОГИЈА“ на Бранко Ѓуриќ- Ѓуро во Скопје

Познатиот босански актер Бранко- Ѓуриќ- Ѓуро, доаѓа во Скопје со хит комедијата „Ѓурологија“ на 13 октомври од 20 часот во Домот на АРМ. Со својот препознатлив босански шарм и долгогодишното актерско искуство, што особено се отсликува во неговите култни проекти „Топ листа надреалистa“ и „Аудиција“, Бранко Ѓуриќ Ѓуро преку „Ѓурологија“ навистина го дава најдоброто од себе.

Еден вид (анти)стенд ап шоу „Ѓурологија“, како што сака да го нарече самиот Ѓуро, е всушност збирка од неговите интимни размислувања и погледи на животот, кои ги раскажува на искрен и урнебесен начин, одржувајќи ја публиката воодушевена, и речиси со непрекинато смеење. Харизматичниот сараевчанец со холивудска и интернационална кариера како актер, режисер, кантавтор и рок музичар, во претставата ги обединува сите негови уметнички улоги и на публиката и претставува неспоредливо шоу од 90 минути.

Претставата веќе неколку години руши рекорди на гледаност во светот на театарот и стенд ап комедијата на нашите простори. Одиграна е повеќе од 450 пати и ја виделе преку 350.000 посетители, и сè уште продолжува да ја воодушевува публиката и да ги полни салите низ целиот регион. Затоа не пропуштајте уште еден незаборавен настап на Бранко Ѓуриќ Ѓуро со почеток во 20 часот. Билетите се веќе пуштени во онлајн продажба, достапни прекуhttps://www.karti.com.mk.

Треба да знаете
Последни објави