Search

Во Прилеп нема новозаболеми, но има казни за неносење маски

 Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени од коронавирусот, а еден пациент оздравел.

На Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 12 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирусот. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти, кои се негативни на Ковид-19. Во самоизолација се наоѓаат 65 лица.

На 13 граѓани, последниве два дена, им се изречени прекршочни казни за неносење заштитни маски.

Треба да знаете
Последни објави