Search

Во последните 5 години е намален бројот на мигранти во ЕУ

Нелегалните гранични преминувања продолжуваат да се намалуваат, со што овогодинешната стапка е најниска од 2013 година наваму, изјавија од гранична агенција на Европската унија „Фронтекс“.

Во агенцијата се регистрирани 118.900 нелегални гранични преминувања во првите 10 месеци од годината, што е за 30 отсто пониско во споредба со истиот период минатата година.

Агенцијата го припишува ваквиот тренд на падот во бројката на мигранти и бегалци кои се одлучуваат да тргнат по опасната средоземска рута меѓу Либија и Италија. Бројот на луѓе кои пристигнуваат во Италија е намален за 87 отсто во споредба со минатата година.

И покрај ова, пристигнувањата на мигранти во ЕУ продолжува да создава негативен став кон нив. Италијанската популистичка влада зазеде цврст став во однос на имиграцијата, а Министерот за внатрешни работи, Матео Салвини вети дека ќе стави крај на бранот мигранти и дека ќе ги протера бродовите за спасување на мигранти од пристаништата во земјата.

Од друга страна, „Фронтекс“ наведува дека бројот на мигранти кои пристигнале во Шпанија во октомври оваа година е двојно поголем од оној во октомври 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави