Search

Во последните четири месеци во Грција пристигнале само 850 мигранти

Помалку мигранти и бегалци пристигнуваат од Турција во Грција, најмногу поради засилените гранични контроли и делумно поради пандемијата на коронавирус, а во последните четири месеци во Грција пристигнале 850 мигранти, изјави грчкиот државен секретар за миграција Јоргос Кумутсакос за „Ројтерс“.

Сепак, Турција е тежок и непредвидлив сосед што контролира базен од четири милиони мигранти и бегалци“, рече Кумутсакос за „Ројтерс“.

„Никој не може да исклучи дека ќе се обидат да ги искористат во друга пригода“, додаде тој.

Кумутсакос го кажа тоа пред посетата на камповите за мигранти на островот Лезбос, заедно со премиерот на германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија.

Тензиите ескалираа меѓу членките на НАТО, Грција и Турција во март, кога илјадници бегалци од Турција се обидоа да ја пробијат границата со Грција.

„Намалениот прилив (на мигрантите) нема да дозволи да се одмориме. Напротив, ние мора да бидеме внимателни“, рече Кумутсакос.

Од април до јули, Грција регистрирала 850 мигранти кои пристигнале во земјата, што претставува големо намалување во однос на 12.363 во истиот период минатата година.

Десетици илјади мигранти се заглавени во преполни кампови на островите.

Конзервативната грчка влада започна да преместува илјадници мигранти во побезбедни установи на копно, кои активистите ги споредија со затворите.

„Ќе има строга контрола, но тоа не се затвори“, рече Кумуцакос.

„Грција не гради затвори. Таа е демократска европска држава која ги штити своите граници и човековите права“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави