Search

Во Португалија повеќе од 10.000 заразени со Ковид-19

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Португалија денеска надмина 10.000, а министерката за здравство Марта Темидо ги повика граѓаните да се придржуваат до мерките за борба против епидемијата, бидејќи, како што рече, „сè уште не гледа светло на крајот на тунелот “.

Во земјата до денеска се заразени 10.524 луѓе, а 266 починале.

– Оваа борба не е трка на сто метри. Ова е долг маратон, рече Темидо на прес-конференција.

Таа додаде дека ова е време да се балансираат стравот и храброста, храброста да се остане дома, да се продолжи да им се помага на другите и да се побара помош ако има потреба.

Вонредната состојба во Португалија е продолжена и ограничувањата за движење се заострени.

Треба да знаете
Последни објави