Search

Во Порторико се урна голем радио телескоп

Во Порторико се урна огромен радио телескоп, кој со децении имаше клучна улога во астрономските откритија, соопштија порториканските власти.

Опсерваторијата Аресибо е затворена уште од август, откако пукна помошен кабел и ја оштети параболичната антена. Додека на почетокот од ноември пукна и главниот кабел, поради што порториканската Национална фондација за наука неколку недели подоцна соопшти дека ќе ја прекина работата на радио телескопот поради преголемото оштетување.

Тоа беше втор по големина телескоп во светот и функционираше повеќе од половина век.

Треба да знаете
Последни објави