Search

Во поплавите во Непал досега загинале 78 лица, милиони лица во Индија имаат потреба од помош

Најмалку 78 Непалци го загубиле животот во монсунските дождови и поплави, додека во сојузната индиска држава Асам најмалку 19 лица погинале, а повеќе од четири милиони имаат потреба од итна помош.

Американските медиуми јавуваат дека повеќе од 40.000 непалски војници и полицајци им доставуваат храна, шатори и лекови на илјадниците луѓе кои се погодени од поплавите.

Најмалку 32 лица во Непал се водат за исчезнати, изјавија официјални претставници.

Во индиската држава Асам повеќе од 85.000 лица спас нашле во некое од 187-те државни засолништа.

Поплавите го уништија и патот на границата меѓу Асам и бангладеш, а од индиска страна поплавени се 70 села.

Во Бангладеш, пак,  од саботата до сега од удари на гром загинале најмалку 12 лица, главно земјоделци.

Треба да знаете
Последни објави