Search

Во Помпеја пронајден ковчег со бизарни предмети

Археолозите кои работат во затрупаниот римски град Помпеја откриле вистинска „волшебна ризница“ која содржи артефакти како амајлии, черепи и стаклени мониста.

Повеќето од овие предмети им припаѓале на жените, според Масимо Осана, директор на Археолошкиот парк Помпеја.

Ковчегот е пронајден во куќа каде биле откриени десет тела на жени и деца, пренесува „Би-би-си“.

Античкиот град Помпеја беше проголтан од ерупцијата на вулканот Везув во 79 н.е. Фаталната ерупција „ги замрзна во времето“ градот и неговите жители, со што локацијата стана вистинско археолошко богатство.

Треба да знаете
Последни објави