Search

Во Полска запалена кукла на Јуда, Евреите огорчени

Светскиот еврејски конгрес (СДК) изрази незадоволство и огорченост поради бесењето и палењето на куклата која го претставува стереотип на Евреин во полскиот град Прухњик за време на велигденските ритуали.

„Евреите се многу вознемирени поради ова ужасно заживување на антисемитизмот”, изјави извршниот директор на Светскиот еврејски конгрес, Роберт Сингер, објави АП.

Граѓаните на Прухњик, вклучувајќи ги и децата, на католичкиот Велипеток прво ја удираа, потоа и ја запалија куклата.

Според агенцијата, фигурата го претставува Јуда, кој според Новиот завет го издал Исус Христос.

Полските граѓани, исто така, изразија незадоволство поради инцидентот, кој последен пат во оваа земја беше виден пред Втората светска војна.

Треба да знаете
Последни објави