Search

Во Подгорица утре конститутивна седница на новиот црногорски Парламент

Конститутивната седница на новиот состав на Парламентот на Црна Гора ќе се одржи утре во Подгорица. На првата седница по парламентарните избори, одржана на 30 август, ќе бидат избрани новиот претседател и потпретседатели на Парламентот на Црна Гора, како и претседателот и членовите на Административниот одбор, собраниско работно тело задолжено за избори и именувања, пренесува Анадолија.

Според наводи од црногорскиот Парламент, претходно ќе треба да се усвојат извештајот на Државната изборна комисија за резултатите од парламентарните избори и заверените мандати на пратениците.

Државната изборна комисија на Црна Гора (ДИК) ги објави конечните резултати од парламентарните избори на 14-ти септември, според кои три опозициски коалиции освоија 41 место, додека сегашното владеачко мнозинство има 40 места во новиот состав на црногорскиот Парламент.

По конститутивната седница на парламентот, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е должен да закаже консултации со претседателите на парламентарните партии, со цел да предложи мандатар за состав на новата Влада на Црна Гора најдоцна за 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави