Search

Во пломбиран вагон пронајдени четворица Авганистанци

На 25.01.2020 во 00,05 часот на Граничниот премин Табановце-железнички  вработени во МЖ-Транспорт пријавиле дека на излез од Р.С.Македонија во товарен воз кој сообраќал на релација Р.Грција-Р.Унгарија забележале тропање во некој од контејнерите. Откако биле отстранети пломбите во еден од вагоните натоварен со контејнер биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан: А.Б.К.(20), O.M.(30), A.З.(19) и С.И.(33). Тие биле однесени во транзитниот камп Табановце за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави