Search

Во пандемијата зголемен бројот на милионери во Германија

Од јануари до крајот на јуни 2020 година, бројот на милионери во Германија е зголемен за 58.000 и сега тие се околу два милиона. Тоа се наведува во студија на Кредит Свис.

Од јануари до јуни годинава, бројот на луѓе во таа држава со суми на сметка од над милион американски долари се зголеми за 58.000, се вели во извештајот на банката.

Во првата половина од годината, просечниот показател за приватното богатство на Германците исто така се зголеми.

Просечната состојба на секој возрасен жител во Германија во ова време се зголеми за 1,8 отсато; за цела 2020 година. Според експертите на банката, тој показател ќе се зголеми за 3,9 отсто до крајот на годината.

Причината што ја наведоа авторите на извештајот се ограничените можности за трошење пари за време на пандемија. Општо земено, Германија има особено голем број на богати граѓани. Околу 40 отсто од населението во државата има капитал над 100.000 американски долари. Таа бројка е четирипати поголема од просекот во светот.

Треба да знаете
Последни објави