Search

Во отсуство на реални проекти за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ тераат валкана кампања, со лаги и неосновани обвинувања

Во отсуство на реални политики и мерки ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски континуирано продолжуваат со валкана кампања и неосновани обвинувања.

Од белиот дворец, во нивни познат стил ВМРО-ДПМНЕ секојдневно штанцаат невистини и лаги.

Дека очајот во ВМРО-ДПМНЕ кулминира потврдуваат  неоснованите напади врз претседателот Заев и членови на неговото семејство.

Свесни дека се поразени од сите што и мислат добро на земјата ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски постојано нешто измислуваат  и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ и претходно се потврдија дека се со краток рок, доказ за тоа е и случајот за изречена клевета од страна на Александар Николовски , во слична ситуација, кога неосновано ширеше лаги во јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека кампањата со ширење на лажни вести и неосновани обвинувања нема да им пројде кај граѓаните.

Граѓаните сакаат реални проекти и мерки кои ќе бидат во нивни интерес и интерес на државата.

Додека СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Додека СДСМ за 2.5 години реализираше бројни мерки и реформи од кои граѓаните имаат директни придобивки, како раст на мининимална плата за 5.500 денари или 14.500 денари, највисок раст на просечната плата, раст на социјалната помош за 300%, субвенции за придонеси до 6000 денари,  ВМРО-ДПМНЕ 11 години грабаа од џебот на граѓаните и вложуваа во барок и споменици.

ВМРО-ДПМНЕ не се покажаа ни како власт, ни како опозиција.

Затоа нивните деструктивни политики ќе бидат поразени на 12 април. Граѓаните ќе порачаат – режим никогаш повеќе!

Треба да знаете
Последни објави