Search

Во организација на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа финалните кошаркарски натпревари

Денеска во Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија”, во организација и во рамки на натпреварувањата на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа последните финални кошаркарски натпревари.

На финалниот натпревар учениците од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу” ја надиграа селекцијата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ” и со резултат 54:50 тие освоија 1 место. Додека, 3 место освоија учениците од ООУ „Кузман Шапкарев” кои лесно ја победија кошаркарската екипа на ООУ „Круме Кепески”, со резултат 53:37. Ученикот Андреј Шошкиќ прогласен е за најдобар играч на финалните натпреварувања.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ на најуспешните им доделија пехари и медали. Градоначалникот Темелковски во своето обраќање пред присутните нагласи дека Општината ќе поддржува настани кои ќе имаат за цел да го развиваат спортот и воедно истакна дека од младите очекува да бидат најдобрите амбасадори на Кисела Вода. Натпреварите ги проследи и спортскиот директор на МКФ Владимир Темелковски.

Треба да знаете
Последни објави