Search

Во обраќањето во ОН, кинескиот претседател повика на светско единство

Во денешниот говор во Обединетите нации, кинескиот претседател Си Џинпинг цврсто ги бранеше амбициите наофицијален Пекинг и предупреди дека несоодветен одговор на пандемијата на коронавирусот може да биде закана за цивилизацијата.

На денешниот почеток на годишното заседание на Генералното собрание на ООН, по првпат е виртуелно, со снимени говори на шефови на држави или влади, Си рече дека светското единство е единствениот начин да се надмине кризата со коронавирусот.

Шефот на кинеската држава им даде гаранции на светските лидери дека неговата земја нема план за „хегемонија, експанзија или сфера на влијание”.

– Кина нема намера да влезе во Студена војна, рече тој, инсистирајќи на тоа дека Пекинг е за меѓународен систем, како што е Светската трговска организација.

– Ние инсистираме на дијалог со цел да се надминат разликите и во преговорите за решавање на споровите, посочи кинескиот претседател.

Претходно беше емитуван снимениот говор на американскиот претседател Доналд Трамп. Фокусот на говорот на Трамп беше насочен кон Кина, со критики до Комунистичката партија на таа земја поради справувањето со пандемијата Ковид-19, вмешаноста во изборите на туѓи земји, шпионирањето во САД и наметнување влијание низ целиот свет.

-Во првите денови на ширењето на вирусот Кина забрани внатрешни патувања, а притоа дозволи меѓународни летови од Кина да се зарази целиот свет, рече Трамп.

-Владата на Кина и Светската здравствена организација, фактички под контрола на Кина, даваа лажни изјави дека нема докази за пренос на вирусот од човек на човек… Подоцна тие лажни изјавуваа дека луѓето без симптоми на ја шират болеста… ОН треба да посочи на Кина како одговорна за своите постапки, кажа Трамп.

-Седумдесет и пет години по крајот на Втората светска војна и основањето на ОН, ние повторно сме вовлечени во голема глобална војна. Водиме жестока битка против невидливиот непријател – кинескиот вирус, што однесе безброј животи во 188 земји, истакна Трамп.

Треба да знаете
Последни објави