Search

Во Нови Пазар за една вечер од коронавирус починале 10 пациенти

Како последица на коронавирусот, дури 10 лица починале во Нови Пазар во текот на ноќта, изјави за српската ТВ Прва координаторот на тамошната болница, д-р Мирсад Џерлек.

Како што изјави тој, се работи за постари пациенти и нагласи дека ниту една помлада личност не починала.

„Зад нас е тешка ноќ, имавме 10 смртни случаи, сите се луѓе постари од 75 години, ниеден од нив не го загуби животот поради недостаток од лекарска грижа“, изјави Џерлек.

Денеска во Нови Пазар пристигнува тим на лекари од Босна и Херцеговина за да му помогнат на српскиот град во борбата против коронавирусот.

Доктор Џерлек додаде дека не е сè толку црно, затоа што повеќе од 80 лица од Нови Пазар биле излекувани.

„Утрово во болницата имаме 290 лица, излечени се 85, што е охрабрувачка состојба“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави