Search

Во Нигерија речиси 60.000 бегалци од Камерун

Речиси 8.000 камерунски бегалци избегале во источна и јужна Нигерија во изминатите две недели, бегајќи од насилство меѓу безбедносните сили и сепаратистичките бунтовници, соопшти денеска Комесаријатот за бегалци на Обединетите нации.

Во соопштението се наведува дека со новиот прилив на бегалци, бројот на луѓе кои избегале во Нигерија достигна речиси 60.000.

УНХЦР и натаму очекува прилив на бегалци, по информациите дека многу луѓе се наоѓаат во оддалечените погранични области каде што се обидуваат да стигнат до Нигерија.

Треба да знаете
Последни објави