Search

Во Неготино ќе се гради зграда со социјални станови

Станбена зграда за социјално ранливи категории граѓани ќе се гради во Неготино, на локација кај ул. „Едвард Кардељ”.

Почетокот на градежните работи ќе биде означен денеска во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски.

Новиот објект е дел од проектот Ф/П 1674 (2009) за изградба на станови за лица со социјален ризик и други ранливи групи, со кој е предвидена изградба на 32 објекти со вкупно 1.754 станови.

Треба да знаете
Последни објави