Search

Во невремето во Подгорица настрадаа и врабчињата

Силното невреме што синоќа погоди поголем дел од Црна Гора, ги поплави улиците во Подгорица и причини материјална штета.

Црногорските медиуми објавија дека во невремето во Подгорица настрадаа и врапчињата, кои утрово можеа да се видат на улиците на главниот град на Црна Гора.

Орнитологот од Центарот за заштита и проучување на птици во Црна Гора, Бојан Зековиќ смета дека невремето е причина за масовното угинување на птиците.

– Периодов врапчињата штотуку завршија со гнездење и се собираат во големи јата. Тоа им овозможува заштита од грабливци и ги прави побезбедни, но не и од вакви катастрофи… Со оглед на климатските промени и зголеменото затоплување на атмосферата, овие сцени ќе бидат почести, изјави Зековиќ.

Како што известуваат надлежните, дел од паднатите птици не биле угинати.

Треба да знаете
Последни објави