Search

Во НБА, 48 од 546 играчи позитивни на коронавирус

Прес-службата на НБА ги објави резултатите од тестирањето кошаркари за коронавирус. Заразени се 48 од 546 играчи кои направиле тестови помеѓу 24 и 30 ноември.

Сите заразени кошаркари се во самоизолација до целосно закрепнување. Центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат заразените да останат во каратини до 7 дена со негативен тест или до 10 дена без тест.

Камповите за обука беа отворени во НБА на 1 декември. Претсезонските натпревари започнуваат на 11 декември, а регуларната сезона 2020/21 започнува на 22 декември.

Треба да знаете
Последни објави