Search

Во Наполи врие

Италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, чиј член е талентираниот макеоднски репрезентативец Елиф Елмас, во 4. коло од групната фаза во Лигата на шампионите не го совлада пред своите гледачи австрискиот Салцбург (1:1) и не стана првиот тим кој можеше да го визира учеството во нокаут-фазата. Покрај тоа неговите играчи не ја испочитува одлуката на претседателот Ауреи Де Лаурентис поради лошите резултати во Серија А тимот да биде во карантин. Играчите си заминаа дома по мечот, тренерот Карло Анчелоти не се појави пред новинарите на задолжителната средба по мечот во ЛШ, но замина со соработниците во карантин !

Ваквите различни потези ја зовреа атмосферата во Наполи. На потег е претседателот Де Лаурентис за непочитувањето на неговата одлука на страна на играчите, но и УЕФА каде на тапет ќе биде тренерот, како и клубот кој не одржал прес-конференција.

Италјанскиот тим во ЛШ останува во игра за пласман во следната фаза, имаат бод помалку од водечкиот Ливерпул и четири повеќе од третопласираниот Салзбург. Но, во Серија А тимот после 11 кола веќе заостанува 11 бода од лидерот Јувентус.

 

Треба да знаете
Последни објави