Search

Во нападот на Ал Шабаб во Сомалија загинаа 26 лица, меѓу кои и странски државјани

Сомалиските безбедносни сили ја завршија операцијата со која е ставен крај на нападот што го изврши синоќа екстремистичката исламистичка организација Ал Шабаб врз хотел во пристанишниот град Кисмај.

Според најновите податоци во нападот се убиени 26 лица. Меѓу жртвите се наоѓаат државјани на Кенија, САД, Танзанија и Велика Британија, а настрадал и претседателски кандидат на претстојните избори.

– Многу луѓе се спасени. Убиени се четворица напаѓачи, изјави сомалискиот полициски претставник, мајор Мохамед Абди, нагласувајќи дека операцијата е завршена.

Припадници на групата Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, упаднале во хотелот по експлозијата на автомобил-бомба пред објектот, каде што се одржувал митинг на локални старешини и пратеници за претстојните регионални избори.

Треба да знаете
Последни објави