Search

Во нападот во Хаг повредени три лица

Три лица се повредени во нападот со нож што се случи вчера на улица која е позната по бројните продавници во Хаг, соопшти холандската полиција. Нападот се случил во момент кога на улицата имало многу луѓе кои дошле да купуваат затоа што вчера беше „Црн петок“, ден на големи попусти.

Полицијата соопшти дека трага по напаѓачот на возраст од 45-50 години. Засега нема информации дали станува за терористички напад.

Треба да знаете
Последни објави