Search

Во Москва уапсена манекенка која тврди дека има докази за Трамп

Белоруската манекенка, Анастасија Вашукевич е уапсена во Москва по слетувањето од Тајланд, а тврди дека има докази за руско мешање во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Московската полиција соопшти дека манекенката е уапсена под обвинение за проституција, пренесе „АП“.

Вашукевич била во затвор на Тајланд од февруари минатата година, од каде е депортирана откако се изјаснила како виновна за изнуда на пари, заедно со уште неколку лица.

Манекенката претходно тврдеше дека има видео од рускиот олигарх, Олег Дерипаска како зборува за мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Покрај Вашукевич, вчера во Москва беа притворени уште четири од вкупно седум лица депортирани од Тајланд.

Ним им се заканува казна затвор до шест години доколлку бидат осудени за кривични дела поврзани со проституција.

Треба да знаете
Последни објави