Search

Во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип

Во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип

Во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип, дознава ТВ21, а потврдуваат од Министерството за здравство.

Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје.

Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот.

Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, а во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол. Резултатите се очекуваат во следните два часа, за што веднаш ќе ја известиме јавноста.

извор: тв21

Треба да знаете
Последни објави