Search

Во Минхен отворен 186. Октоберфест

Во германскиот град Минхен денеска е отворен 186. Октоберфест.

Градоначалникот Дитер Рајтер, како што налага традицијата, првата кригла пиво му ја даде на претседателот на Владата на покраината Баварија, Маркус Зедер, пренесе „АП“.

Голем број жени во шарени фустани и мажи во традиционални баварски кожени панталони чекаа пред капијата за да влезат на фестивалот на пивото.

Нешто по 9 часот, организаторите најавија дека забавата може да почне.

„Драги гости, добредојдовте на Октоберфест“, рекоа тие.

Се очекува околу шест милиони љубители на пивото да го посетат фестивалот што ќе трае до 6 октомври.

Како и претходните години цената на пивото поскапе, па така кригла од еден литар чини 11,80 евра, што е за 30 центи повеќе во споредба со минатата година.

Треба да знаете
Последни објави