Search

Во МЗШВ утре средба за состојбата со јаболките во Преспа

Состојбата со јаболката во Преспа утре ќе се разгледува на средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое веќе направило анализа на терен за количината и квалитетот на јаболкото за да може да се најде решение со кое ќе се реагира.

Ова го најави ресорниот министер Љупчо Николовски кој посочи дека се водат разговори со министрите од Египет за олеснување на царините со цел решавање на проблемот на долг рок да даде резултат.

Потенцира дека во Преспа се веќе исплатени 2,5 милиони евра за штетите од 2017 година, дека субвенциите се исплаќаат согласно роковите и дека се откупени дополнителни 50 илјади тони јаболка, а дополнителни 4 милиони евра се предвидени за инвестиции во рпеработувачки капацитети.

Според него, целта е да се фокусираат на квалитетно производство.

Со секој можен начин како и досега кога ги решаваме напластените проблеми од минатото создадени од минатата влада, рече Николовски.

Одговорајќи на новинарско прашње во врска со вработување на негов роднина во М-Нав, рече дека немал никакво влијание и дека стануа збор за квалитетен кадар кој се образувал во јапонија и Словенија.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во врска со вработувањата во енергетските компании посочи дека немал никакво влијание за враобутвање во овие компании и дека не треба да се занимаваме со дневна политика.

Според него, важно е дека сега се вработени електроинженери, како и тоа дека е намален бројот на невработените со вработувања во приватнито сектор.

Треба да знаете
Последни објави