Search

Во Месецот на хуманост приготвени над 300 оброци за оние што немаат храна

Повеќе од 300 оброци беа подготвени во јули – Месецот на хуманост, на иницијатива на ентузијастот за готвење, Бранко Попоски, чија цел беше да им помогне на оние што немаат храна.

Попоски, заедно со Ретвитни оброк и здружението „Љубезност”, предизвика голем број поединци и компании да приготват три до пет оброци за сума од 100 денари.

Предизвикот кој траеше од први јули до 20 јули зема голем замав и во него, како што вели Попоски, дополнително се вклучија и институции, маркети и поединци.

Треба да знаете
Последни објави