Search

Во Мексико над 10.000 смртни случаи од Ковид-19

Во Мексико бројот на починати како последица на пандемијата на коронавирусот надмина 10.000, соопшти Министерството за здравство.

„Во текот на последните 24 часа, регистрирани се 237 смртни случаи, со што бројот на починати се зголеми на 10.167“, објавија тамошните здравствени власти.

Вкупниот број на заразени е 93.435, а најмногу инфицирани има во Мексико Сити.

На крајот на март, мексиканските власти прогласија вонредна состојба и ги прекинаа сите активности што не се од витално значење.

Постепеното олеснување на мерките почна на 1 јуни.

Треба да знаете
Последни објави