Search

Во Мексико запленет повеќе од еден тон кокаин

Мексиканските власти објавија дека пронашле и заплениле повеќе од еден тон кокаин во цистерна во државата Тобаско.

Во соопштението на војската се вели дека скенерот на контролниот пункт на автопатот ја открил аномалијата во товарот на цистерната.

Во цистерната се пронајдени 1.153 пакувања кокаин со вкупна тежина од 1.109 килограми.

Возачот на цистерната е уапсен.

Кокаинот, генерално, се транспортира со брод или со мали авиони од Јужна Америка во Мексико, а потоа се шверцува до границата со САД, забележува АП.

Треба да знаете
Последни објави