Search

Во Мексико годинава два проценти повеќе убиства отколку во 2018

Стапката на убиства во Мексико се зголемила за два проценти во првите десет месеци од годинава, но најновиот бран на насилство претставува многу поголем предизвик за Владата, јавија локалните медиуми.

Федералните власти соопштија дека од почетокот на 2019 година имало 29.414 убиства, што претставува зголемување од 28.869 колку што биле регистрирани истиот период во 2018 година.

Градовите на северната граница, како Сјудад Хуарез и Нуево Ларедо, неодамна се соочија со блокади на наркобанди, чии вооружени членови запалија автобуси и камиони за да блокираат патишта и мостови.

Гувернерот на пограничната држава Тамаулипас, каде што се наоѓа Нуево Ларедо, изјави дека бандите извршиле дела „нарко-тероризам”.

Франциско Гарсија информира дека бандите користеле цивили како „човечки штит”, додека претседателот на Андрес Мануел Лопез Обрадор тврди дека неговата администрација успеала да го „стабилизира” порастот на убиствата.

Треба да знаете
Последни објави