Search

Во Мексико втор ден рекорден број новозаразени со Ковид-19

Во Мексико вчера се пријавени рекорден број новозаразени со коронавирусот – 9.556.

Ова е втор ден по ред земјата да бележи рекордно зголемување на бројот на нови случаи, бидејќи во петокот беа потврдени 8.458 нови случаи на коронавирус.

Мексико е на шестото место во светот по бројот на потврдени случаи на коронавирус.

Во изминатите 24 часа починале уште 784 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата се зголеми на 47.472.

Мексико е на трето место во светот по бројот на смртни случаи, по САД и Бразил.

Треба да знаете
Последни објави