Search

Во масакрот во Шри Ланка загинаа три деца на дански милијардер

Портпаролот на семејството потврди за „Би-би-си“ дека три деца на Андерс Холч Повлсен, дански милијардер, загинаа во нападите во Шри Ланка. Тие беа заедно со нивната мајка во Шри Ланка за велигденските празници.

https://www.instagram.com/p/BwXEi0yDpd1/?utm_source=ig_embed

Нивните имиња и возраст не се објавени.

 

/

Повлсен го наследи данскиот трговски синџир „Бестселер“, кој се проценува на околу 4,5 милијарди фунти. Тој е исто така најголемиот акционер во познатата онлајн продажба Асос и вториот најголем акционер во германската онлајн продажба Заландо. 46-годишниот Повлсен со шест години помладата сопруга има четири деца – Алма, Астрид, Агнес и Алфред. Пред неколку дена Алма на Инстаграм објави фотографија на двете сестри и братот од Шри Ланка.

Во вчерашните напади според најновите податоци загинаа 290 лица, а повеќе од 500 беа ранети.

Треба да знаете
Последни објави