Search

Во Лос Анџелес поради пожари евакуирани речиси 100 000 лица

Околу 100.000 луѓе се евакуирани од своите домови во Лос Анџелес поради пожарите кои избувнаа во долината Сан Фернандо, соопштија властите. Огнот, носен од силниот ветер долж северниот дел на Лос Анџелес, уништил 25 куќи, а 23 илјади домови се загрозени и е наредена евакуација.

Шефот на пожарникарите Ралф М. Теразас изјави дека пожарот избувнал синоќа во 21 часот и зафатил површина од 18 квадратни километри. Пожарот сè уште е надвор од контрола и се заканува дека ќе ги зафати домовите во околината.

Училиштата и универзитетите се затворени, а сообраќајот на главните патишта е запрен.

Треба да знаете
Последни објави