Search

Во Литванија се роди бебе со четири промили алкохол во крвта

Во Универзитетската болница во Литванија се роди девојче со 4 промили алкохол во крвта. Мајка на девојчето е 35-годишна жена која за време на породувањето била во алкохолизирана состојба.

Според зборовите на лекарите, состојбата на мајката е стабилна, но не можат да дадат прогноза за состојбата на бебето, бидејќи на организмот ќе му бидат потребни неколку седмици за прочистување од алкохолот.

Како што наведе докторката, Наталија Григорјева, таа за првпат се соочува со ваков случај, во својата 40-годишна пракса.

„Убаво девојче, два и пол килограми, изгледа нормално. Тешко е да се каже што ќе биде понатаму“, изјави таа, пренесе „Спутник“.

Треба да знаете
Последни објави