Search

Во куќа со две малолетни деца чува питон долг 5,5 метри и тежок 110 кг

Маркус Хобс (31) од градот Тјукесбери, Велика Британија, го привлече вниманието на јавноста кога ги замоли фармерите на „Фејсбук“ да донираат зајаци што ќе завршат во ѓубре за неговото милениче – бурмански питон долг повеќе од 5,5 метри. Тој е најголемиот питон во светот, и покрај мртвите зајаци, Хекси јаде и мртвородени елени, телиња, кози и свињи.

Питонот живее со него и неговото семејството во куќа со три спални соби. Некои негодуваат што чува толку големо животно во близина на неговите две малечки деца, но тој вели дека нема опасност, иако станува збор за животно кое со силен стисок може да убие човек без тешкотии и целиот да го проголта.

Маркус вели дека необичното милениче го купил пред осум години кога бил бебе долго 20-ина сантиметри, и бил сигурен дека никогаш нема да има проблеми со него. Хекси денес е тежок 110 килограми и е долг 5,5 метри.

Тој истакна дека никогаш не го вади своето милениче од огромен вивариум кога неговите синови на возраст од една година и четири години, се во близина. Тоа го прави само кога се во друга просторија.

Треба да знаете
Последни објави