Search

Во Крушево синоќа се тепале коњаниците од Лисиче, полицаец пукал во воздух да ги смири

На Гумење, во Крушево ноќеска се тепале коњаници од Лисиче, а полицаец пукал во воздухот да ги смири.

Како што јавија од МВР, полицискиот службеник кој вршел патролна служба на Гумење, забележал тепачка помеѓу лице од Крушево од едната страна, и петмина скопјани од коњаницата Лисиче од другата страна. Тие меѓусебно си размениле по неколку удари.

Заради спречување на тепачката, како што информираат од МВР, полицаецот со службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, пришто тепачката престанала.

Со реакција за случајот се огласи и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски. Тој вели дека имало повеќе нарушувања на јавниот ред и мир со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите. Вели дека во таа насока се преземени соодветни мерки против сторителите.

Христовски ги повика граѓаните, особено коњаницата на мирно и достоинствено чествување на празникот „Илинден“.

„Во Крушево нема место за насилници, вандали и нивно нечовечко однесување со демонстрирање сила или моќ врз мирното население во пресрет на празникот“, додава тој.

Треба да знаете
Последни објави