Search

Во критична состојба пет од повредените во автобуската несреќа

Двајца од повредените хоспитализирани во болницата „8 Септември“ кои имаат тешки повреди на мозокот се во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење. Според лекарите, нивната состојба е животозагрозувачка.

Четворица пациени денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување, а во болницата ќе останат уште 24 повредени кои не се во тешка состојба.

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ сместени се тројца пациенти на интензивно лекување кои сѐ уште се во критична состојба.

Деветнаесет годишната девојка со повреда на карлицата која е во најкритична состојба на Клиниките Мајка Тереза, во моментов спроведена е на операција.

Една од пациентите вчера беше оперирана поради тешки повреди на белиот дроб, и е во тешка критична состојба.

Во сообраќајката загинаа 14 луѓе. Автобусот е однесен на вештачење, а истрагата треба да ги утврди причините поради кои автобусот излета од патот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави