Search

Во Крива Паланка трибина за „Предизвиците на современото литературно творештво”

Поетесата Оливера Доцевска вечерва со книжевниците, поети и литературни дејци од Крива Паланка дебатираа на тема „Предизвиците на современото литературно творештво”. Настанот го организираше Националната установа Центар за култура Крива Паланка, во рамки на книжевната дејност и месечните активности на литературниот клуб „Калин” кој работи во рамките на библиотеката.
– Поезијата го пронаоѓа својот пат до читателската публика како одраз, слика и белег на времето, како рефлексија и траен запис, како восклик и изблик на емоции. Ако се прашувам јас, кои се предизвиците на современото творештво, тоа е се поголемата горчина, а отсуство на љубов, човекољубие и искрено битисување, рече Доцевска.
Како член на друштвото на писатели на Македонија и авторка преведувана на повеќе светски јазици, но и преведувач, хуманист и борец за човекови права, Доцевска укажа на потребата поетски читања, перформанси, поетскиот глас и поетот да бидат се повеќе присутни во секојдневието.
-Радува фактот што можам да се дружам со поети од Крива Паланка, чиешто творештво ме воодушеви и ветува значаен придонес кон поетското писмо во државата, особено женското писмо, дополни Доцевска.
Поетесата читаше стихови од првата нејзина печатена книга „Илузија за сон”, од стихозбирки и антологии, социјално-рефлексивна поезија, до љубовната поема “Естер Ихаз”.
Треба да знаете
Последни објави