Search

Во Кратово ќе гостува Шкендија во четвртфиналето од Купот на Македонија

На македонската фудбалска сцена денеска (13 ч.) на програмата се натпреварите од четвртфиналето во  Купот во кои се среќаваат: Академија Пандев – Шкупи, Струга ТЛ – Ренова, Беласица – Македонија ЃП и Силекс – Шкендија.

Во Струмица ќе се играат два дуели во кои гостите од Скопје, Шкупи и Македонија ЃП, барем според резултатите во првенствената трка ја имаат фаворитската улога на хартија. Но, со оглед дека во куп-натпреаврувањето се случуваат изненадувања, не треба да се отпишуваат и домаќините Академија Пандев и Беласица.

Највозбудливо се очекува да биде во Кратово, каде Силекс ќе ја пречека Шкендија. Според формата, но и според квалитетот, Шкендија е фаворит, но тетовчани во ова дерби влегуваат претпазливо, затоа што не само тие, туку сите екипи кои во последниот период гостувале во Кратово, тешко стигнуваат до поволен резултат. Силекс е во резултатска криза со три првенствени порази во низа.

Во Струга на поправен се враќа ренова по неделниот минимален првенствен пораз од домашниот ти. Екипата од Џепчиште во Стуга на „бис“ ќе допатува со директорот Фисник Нухиу кој ќе го предводи тимот од клупата откако „гипсарите се разделија со својот стратег Бујар Ислами.

Треба да знаете
Последни објави