Search

Во Косово 16 лица починаа, 690 новозаболени и 337 излекувани од Ковид-19

Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 849 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа 16 од заразените со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.566 тестови со методот РТ-ПЦР (122.377 вкупно досега), позитивни на новиот коронавирус резултирале 690 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 30.495, а болеста досега ја совладале 17.878 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 337 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 11.768 активни заболени лица.

Треба да знаете
Последни објави