Search

Во Косово се уште не се создадени услови за отворање на џамиите

Исламската заедница на Косово (ИЗК), по консултациите со косовските здравствени власти, одлучи, и покрај барањата на верниците, џамиите и натаму да останат затворени, јави дописникот на МИА од Приштина. Поглаварот на ИЗК Наим Тернава на денешната прес конференција заедно со директорот на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) Насер Рамадани и микробиологот Љуљ Рака оценија дека отворањето на муслиманските верски објекти за претстојниот празник Фитр Бајрам, на 24 мај, би претставувало опасност од ширење на епидемијата на Ковид-19.

– Се уште не се создадени условите за отворање на џамиите во Косово. Такво е мислењето на експертите од областа. Јас не ја познавам таа болест, но овие колеги тука, кои деноноќно работат за нас, го даваат нивното мислење за тоа. Ние ќе ја очекуваме првата можност за отворање на Божјите храмови, изјави Тернава. 

Треба да знаете
Последни објави