Search

Во Косово нови 14 починати, 555 заболени и 324 излекувани од Ковид-19

Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.040 од појавата на болестаоткако минатото деноноќие починаа 14 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.340 тестови со методот РТ-ПЦР (146.703 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 555 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 40.672, а болеста досега ја совладале 25.910 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 324 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 13.722 активни носители на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави