Search

Во комбито што направи карамбол во Струмица имало 32 мигранти, осуммина од нив повредени

На 07.07.2020 во 11.50 часот од улицата Младинска во Струмица се случила сообраќајна незгода во која комби „рено мастер“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(27) од Кочани, удрило автомобил „алфа ромео“,  управувано од Б.Б.(26) од Струмица и во паркирани автомобили „цитроен ц4“ и „фолксваген поло“.

Притоа, од полициски службеници од СВР Струмица во возилото „рено мастер“ биле пронајдени 32 мигранти, од кои 15 од Авганистан, девет од Пакистан, шест од Бангладеш и по еден од Сирија и Ирак.

По незгодата, во Медицински центар Струмица биле пренесени осум мигранти, при што кај двајца биле констатирани тешки телесни повреди, а кај шестмина телесни повреди.

Возачот С.С. бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар Винојуг.

Треба да знаете
Последни објави